Национална работилница за Консолидирање на институционалната рамка на С. Македонија за транзиција кон циркуларна економија

Национална работилница за Консолидирање на институционалната рамка на С. Македонија за транзиција кон циркуларна економија

Претставници од ЦеПроСАРД како дел од програмата на RECONOMY, учествуваа на Национална работилница за Консолидирање на институционалната рамка на С. Македонија за транзиција кон циркуларна економија која се одржа На барање на Владата, на 22.10.2024. Соочени со зголемениот притисок врз природните ресурси и деградацијата на животната средина, концептот на циркуларна економија претставува иновативен пристап за насочување на економиите кон нови патишта на развој кои се ресторативни и регенеративни.
Оваа работилница има за цел да ги поддржи креаторите на политики и регулаторите во нивните напори да обезбедат успешна транзиција на земјата кон циркуларна економија преку усвојување на стратешки документи за интегрирање на принципите на циркуларната економија во националните политики и законодавство на начин кој е конзистентен со барањата на acquis communautaire. Тоа го вклучува следново: Национална стратегија за одржлив развој (2024-2044); Национален план за управување со отпад (2021-2031); Национален план за превенција на отпад (2022-2028); Стратегија за климатска акција (2021-2051); и Стратегија и Акциски план за паметна специјализација за олеснување на „позеленувањето“ на клучните сектори . Со поддршка на Организацијата за економска соработка и развој (OECD), земјата го финализира Патоказот за циркуларна економија на С. Македонија.
Работилницата е наменета за креатори на политики на сите нивоа на владата, вклучувајќи ги и оние кои се вклучени во развојот на политики за животна средина, економија и индустрија, како и во надворешната политика. Исто така, е наменета за организации кои ги поддржуваат претпријатијата, производствените и компании за преработка на отпад, истражувачки институции кои се вклучени во застапување на политики за транзиција кон циркуларна економија и структурна трансформација, како и за развојни партнери на С. Македонија.
RECONOMY е регионална инклузивна и зелена програма за економски развој на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida), имплементирана од Helvetas Swiss Intercooperation во партнерство со ЦеПроСАРД и други во Источното партнерство и регионот на Западен Балкан.

СИТЕ НОВОСТИ