Настава со часови за одржлив развој спроведени во СУГС Владо Тасевски во Скопје

Настава со часови за одржлив развој спроведени во СУГС Владо Тасевски во Скопје

Наставниците Виолета Николовска и Елена Лентиќ од СУГС Владо Taсевски од Скопје на 23 април 2018 година спроведоа настава со часови за одржлив развој за учениците од втора и четврта година од техничките струки, и тоа по предметот „Телекомуникации“ за класовите II-5, 6, 7 и 8, како по предметот „Хидропневматска техника“ за класовите IV-7 и 8.

Овие часови беа реализирани во рамки на проектот на ЦеПроСАРД „Зајакнување на образованието во средните технички училишта во Македонија преку воведување едукативни програми за целите за одржлив развој“ кој се реализира во соработка со уште четири други училишта од земјата, а со поддршка на РЕЦ и АДА.

На часовите кои се спроведуваа во училиштата им претходеше Обука за наставниот кадар за подобрување на знаењето и вештините за спроведување на наставна програма со часови за одржливи развој, која се одржа во тренинг центарот на ЦеПроСАРД на 14 април 2018.

СИТЕ НОВОСТИ