„Намалување на аерозагадувањето со намалување на енергијата во домаќинствата”- обука за учениците на СЕТУГС „Михајло Пупин”

„Намалување на аерозагадувањето со намалување на енергијата во домаќинствата”- обука за учениците на СЕТУГС „Михајло Пупин”

На 21.04.2020 во организација на ЗГ ЦеПроСАРД се одржа третата обука преку платформата за онлајн следење тема „Намалување на аерозагадувањето со намалување на енергијата во домаќинствата”.

Оваа обука беше одржана за учениците од втора и четврта година во СЕТУГС „Михајло Пупин”. На учесниците преку обуката за подобрување на енергетската ефикасност во домовите им беа презентирани видови системи за греење, ладење, вентилација климатизација (HVAC), како и важноста за изолација на разводната мрежа за топла вода во домовите. Можности за подобрување на енергетската ефикасност беа презентирани преку воведување на системи за мерење, регулација и автоматика и со практични примери на користење на енергетски ефикасни светилки во функција на електричното осветлување. За утврдување на термичките топлински мостови кај објектите, практично беше прикажано користењето на термална камера.

Третата онлајн обука во средните училишта во Град Скопје се спроведе во рамки на проектот „Чиста енергија за чист воздух”.

Проектот се спроведува со финансиска поддршка на Владата на Република Северна Македонија, преку Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за 2019 година.

СИТЕ НОВОСТИ