03 Мај Мониторинг средби со регрантирани организации по проектот “Поддршка на социјалните пртпријатија следејќи го принципот- Не оставај никој зад себе”
Проектната единица континуирано организира мониторинг средби со регрантираните организации во рамки на проектот “Поддршка на социјалните претпријатија следејќи го принципот- Не оставај никој зад себе”, каде преку регрантирање на 6 социјални организации ги се постигне подигнување на капацитетите и поддршка на потребите на организациите.
Преку имплементирање на регрнатираните проекти ќе се постигнат повеќе цели меѓу кои се, органско производство на зеленчук (Наша тезга- Зелена Република), производство на еко плочки за надворешно уредување – Еко лајф, pogon.mk платформа која овозможува изложување, пласирање и промоција на производи и услуги со цел поддршка на неформални и мали формални производители или обезбедувачи на услуги- (Здружение ЕСЕ), производство на адитиви од органски отпадок- комиње (Вајс Груп), Економско и социјално јакнење на жените од руралните средини преку создавање на трајни пазарни врски (Рурална Коалиција) и Вработување и работа на групи кои се исклучени од делот на трудот и продуктивен работен живот (Бравура Кооператива).
Преку мониторинг средбите проектниот тим го следи текот на имплементација на проектите и допринесува до нивна поголема видливост и допир до поширока таргетирана група.
Проектот е финансиран од Европската Унија