03 Фев Мониторинг состаноци на регрантирани Социјални Претпријатија – Социјално Претприемништво
Во перодот од 25.01.2023 до 03.02.2023 година, проектната единица на проектот “Поддршка на Социјалните Претпријатија следејќи го принципот- Не оставај никој зад себе” одржа 5 мониторинг состаноци со регрантираните Социјални Организации.
На состаноците присуствуаа членови на Социјалните Организации: Бравура Кооператива, Рурална Коалиција, ЕСЕ, Еко Лајф и Аквапоника, кои се во тек на имплементација на проектните апликации.
Темите на разговор на мониториг состаноците беа во врска со видливоста и промоција на проектните активности и споделување на добри практики, организирање на обуки по мерка на темите: Дигитален Маркетинг, Заштита на животна средина и Енергетска Ефикасност и Обновливи извори на енергија, како и градење на мрежата на регрантираните социјални организации со бизнис секторот, здруженија, организации и единици на локалната самоуправа. За оваа цел проектната единица за имплементација на проектот потпиша 10 меморандуми за соработка со релевантни чинители во процесот.
Проектот е финансиран од Европската Унија.