03 Сеп Мониторинг посета на ЦеПроСАРД од страна на претставници од ЕУ канцеларијата од Приштина во рамки на проектот FRET-STIC
Posted at 10:41h
in Новости
На 3 Септември 2019 година, претставници од ЕУ канцеларијата од Приштина го посетија ЦеПроСАРД и имаа средба нашиот тим кој работи на имплементација на проектот FRET-STIC. На средбата присуствуваа и претставниците на партнерската организација од Косово за проектот FRET-STIC – Регионалната агенција Југ, како и директорот на Центарот за развој на Полошкиот плански регион.
Проектниот тим имаше можност да го презентира прогресот на активностите кои се реализираат во рамки на проектот, а доби и корисни насоки и сугестии за понатамошнаата имплементација.