Мониторинг посета во просториите на Здружение ЕСЕ, имплементатори на проектот ПОГОН како дел од ре-грантираните организации во рамки на проектот Поддршка на социјалните претпријатија преку следење на принципот – “Не оставај никој зад себе”

Мониторинг посета во просториите на Здружение ЕСЕ, имплементатори на проектот ПОГОН како дел од ре-грантираните организации во рамки на проектот Поддршка на социјалните претпријатија преку следење на принципот – “Не оставај никој зад себе”

Втора од низата мониторинг посети беше реализирана на 22 ноември во просториите на Здружение ЕСЕ- Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

Во рамки процесот на регрантирање во проектот Поддршка на социјалните претпријатија преку следење на принципот – “Не оставај никој зад себе”, здружението започна со имплементација на проектот ПОГОН.

Погон, како што тие велат, претставува уникатна платформа за е-продажба (www.pogon.mk) која се стреми да создаде одржливо место за работа за жените што претрпеле семејно насилство, да го подобри квалитетот на производите подготвени од неформалните бизниси предводени од жени, да ја зајакне соработката меѓу формалните и неформалните бизниси, како и да го поддржи развојот на локални производи и услуги произведени на немасовен начин.

Главен предмет на продажбата на претпријатието се локални производи и услуги, и храна, а со имплементација на проектот целат да се создаде формално место кое ќе ги спои сите неформални производители на стоки и услуги и ќе им обезбеди простор за легална и пообемна промоција и продажба. Покрај тоа, концептот вклучува развој на вештини на жените што претрпеле семејно насилство за да можат да станат економски независни.

Проектот е финансиран од Европската Унија

СИТЕ НОВОСТИ