Информативна сесија по повод отворениот повик за доделување грантови за поддршка за развој на нови и постојни социјални претпријатија

Информативна сесија по повод отворениот повик за доделување грантови за поддршка за развој на нови и постојни социјални претпријатија

Oвој понеделник (04.07.2022) од 10:30 часот со големо задоволство Ве покануваме на отворената Информативна сесија по повод отворениот повик за доделување грантови за поддршка за развој на нови и постојни социјални претпријатија во рамки на проектот „Поддршка на Социјалните Претпријатија следејки го принципот – Не оставај никој зад себе”

Линк до онлајн ZOOM настанот:
https://us06web.zoom.us/j/81105354207?pwd=S2c3Wjc0dXA2N0Q3N2x5MjhGQVd1UT09

Meeting ID: 811 0535 4207

Passcode: 306015

Целта на повикот е да поддржи ентитети кои делуваат на претприемачки начин, создават иновативни и неконвенционални решенија за тековните општествени предизвици, креираат вредност за општеството и за сите засегнати страни.

Информации за отворениот повик и детали за начинот и условите за пријавување може да погледнете на нашата веб страница на следниот линк: https://bit.ly/3Nvl6BW

Главната цел на проектот е да овозможи поддршка за развој на нови и постојните социјални претпријатија, да ја зајакне нивната економска независност преку следење на принципот “Не оставај никој зад себе” и има за цел да ги подобри оперативните капацитети и одржливостa на веќе постоечките и новите социјални претпријатија и да креира нови работни места за ранливите групи граѓани и лица со попреченост.

Проектот ќе придонесе за поволни услови за работа на социјални претпријатија, преку поддршка за воспоставување нови и подобрување на оперативните капацитети на најмалку 6 социјални претпријатија, а истовремено ќе поддржи нови вработувања на најмалку 9 лица од ранливите групи (лица со попреченост, жени во ризик и долгорочно невработени). Имајќи ги предвид потребите и ограничувањата на ниво на целата земја, низ проектните активности ќе се допрат главните ограничувања како недостатокот на знаење и свесност за социјалното претприемништво и недостатокот на соработка помеѓу социјални претпријатија, јавните институции и приватниот бизнис.

Агендата можете да ја погледнете на следната врска.

Ве очекуваме!

СИТЕ НОВОСТИ