12 Ное Информативен состанок во општина Шуто Оризари во рамки на проектот “Чиста енергија за чист воздух“
Во просториите на општина Шуто Оризари, на 12.11.2019 се одржа информативна средба со раководителот на секторот за локален економски развој – г-дин Срџан Амет во рамки на проектот Чиста енергија за чист воздух.
Состанокот беше прв од низата на иницијални средби со таргетираните општини во рамки на проектот, на кој проектниот тим ги презентираше планираните активности, како и инцијалната временска рамка за спроведување на истите, со цел навремено започнување на подготвителните активности и мапирање на засегнатите ентитети од општината.
Проектот “Чиста енергија за чист воздух“ се спроведува со финаниска поддршка на Владата на Република Северна Македонија преку Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за 2019 година, во времетраење од 6 месеци.