Интервју со ESE имплементатор на проектот ПОГОН – уникатна платформа

Интервју со ESE имплементатор на проектот ПОГОН – уникатна платформа

1. Кој беше Вашиот мотив за креирање на проектот ПОГОН – уникатна платформа?

• Повеќе од 2.900 жени што претрпеле семејно насилство, на кои ЕСЕ им има обезбедено правна и психолошка помош и поддршка, се невработени и се соочуваат со потешкотии да станат економски независни и излезат од насилната средина. Со цел да ги поддржиме овие жени во нивната борба за осамостојување, ја создадовме платформата ПОГОН. ПОГОН им овозможува на овие жени развој на вештини, материјали и алатки за производство, и простор за пласирање на производите. Проектот, токму во оваа насока, придонесе кон надополнување на клучните пристапи на кои се заснова ПОГОН.

2. Ве молиме накратко објаснете ја уникатноста на Вашата платформа за е-продажба ПОГОН (www.pogon.mk).

• ПОГОН е уникатен во својата мисија. Нашиот профит во целост се враќа кај оние за кои ПОГОН и постои. ПОГОН е уникатен по тоа што инвестира во јакнење на капацитетите и ги поддржува индивидуалците кои создаваат производи на немасовен начин, на патот на нивниот развој.

3. Кои се носечките активности кои ги спроведовте во периодот на имплементација на ре-грантираниот проект во рамки на отворениот повик на проектот Поддршка на социјалните претпријатија следејќи го принципот „Не оставај никој зад себе“ и каков импакт имаа истите врз платформата?

• Со поддршката од овој проект спроведовме низа на активности, вклучувајќи: обуки за развој на вештини на жени, истражување на пазарот, социјален камп, создадовме нова линија на накит, се промовиравме итн.
Овој проект ни овозможи да го прошириме асортиманот на производи на ПОГОН., да го зголемиме нето – приходот на ПОГОН да ги зајакнеме капацитетите на жените што претрпеле семејно насилство и да се прилагодиме на потребите на пазарот и поставеноста на конкурентските компании.

4. Во рамки на Вашиот проект имавте спроведување на обуки за зајакнување на капацитетите на жени кои претрпеле семејно насилство. Кои аспекти би ги истакнале како неопходни за зголемување на нивната самодоверба, професионалните капацитети и нивно вклучување на пазарот на труд?

• Жените со кои ние работиме имаат лични вештини и знаења чие надградување и усовршување и те како може да резултира со развивање на успешни индивидуални бизниси.

5. Како организација која во иднина ќе се трансформира во социјално претпијатие – според Вас, кој ќе биде најголемиот бенефит со донесувањето на законската регулатива за социјалните претпријатија?

• Најголемиот бенефот од социјалните претпријатија е капиталот кој тие го реинвестираат во општеството.

6. Во која обука по мерка учествуваше Вашата организација и какви се Вашите впечатоци од истата?

• Градење на вештини за дигитален маркетинг. Обуката придонесе кон добивање на практични знаења за користење на различни стратегии, алатки и пристапи за дигитална промоција.

7. Кои постигнати резултати од спроведувањето на Вашиот регрантиран проект би ги издвоиле како најзначајни за понатамошен развој на платформата ПОГОН?

• Најголем резултат е тоа што создадовме група на повеќе од 10 жени кои имаат вештини и материјали за градење на својот пат од хоби до бизнис.

СИТЕ НОВОСТИ