29 Сеп Интервју со Хуманитарно здружение за помош и поддршка на лица со посебни потреби „Бравура Кооператива“ – Делчево – имплементатор на проектот Клуб за професионална рехабилитација и социјална инклузија „Интегра“
• Интегра е проект креиран за одржан развој на социјално претпријатие во рамките на организацијата. Мотивот да се креира социјалното претпријатие, со утврдена работна програма и нацрт бизнис план за вработување и работно ангажирање на групи кои се исклучени од пазарот на труд и продуктивен работен живот, е поттикнат од најмаргинализраната група, лица со попреченост. Интегра ги детектира можностите и бариерите во ситемот кој ја минимизираат вредноста на оваа популација, и креира стратегија на организиран систем на професионална квалификација и работно вклучување во амбиентална инклузивна средина каде ќе се спојат работната интеграција и оддржливиот бизнис модел на социјалното претпријатие.
2. Накратко, кои се главните активности кои ги спроведовте во периодот на имплементација на ре-грантираниот проект и како истите помогнаа за инклузија на лица од маргинализирани групи во општеството и заживување на социјалното претприемиштво кое вработува ранливи групи во интегрирана работна средина?
• Во период од 10 месеци активностите можеме да ги поделиме во неколку групи:
? Активности за набавка и инсталирање на опрема. При изборот на дејноста Бравура внимателно селектира активности каде лицата со попреченост можат да имат најголемо учество и машини и алатки со високо ниво на безбедност при работа.
? Активности за обука на персонал и потенцијални лица со попреченост вклуени во програмата. Овие активности беа реализирани со подршка на работни експерти кој ги споделија своите знаења на професионален методски пристап, а со тоа се овозможи трансвер на вештини во нашите предвидени работни подрачја.
? Активности за развој на работни вештини и прототипирање. Фаза во проектот исполнета со високи ефекти и одраз на задоволство пред се на лицата со попреченост, кој за првпат имаат лична креација, личен производ и краен продукт. Моменти исполнети со позитивен амбиент, моменти со обиди и грешки, моменти со постапно усвојување на вештини чекор по чекор. Оваа фаза на активности ги задоволи нашите очекувања.
? Активности за профеионализација на социјално претпријатие и квалитетен производ. Оваа фаза на активности ги креира контурите на нашето социјално претпријатие, бизнис ориентацијата и стратегијата за развој.
3. Дали согледавте бенефити во работата на Вашата организација во периодот на имплементација на добиениот грант?
• Апсолутно голема подршка и голема можност за одраз на нашите цели и нашата визија.
4.Кој предизвик би го издвоиле како најзначаен со кој се соочивте како идно социјално претпријатие при имплементација на проектот?
• Прв хипотетички предизвик ни беше законот за социјални претпријатија, кој за жал не се донесе. Тој предизвик или водич на основање на социјално претпријатие доколку беше донесен ќе имавме појасна претстава на позиционирање на нашите структури.
Втор предизвик ни беа лицата од маргинализираната заедница, и нивното вклучување, па би го издвоиле за најзначаен на обострано задоволство.
И трет предизвик при мапирње на потенцијални коминтенти и нивните потреби и правила е дали имаме капацитет во иднина да одговориме на големи побарувања.
5. Дали можете да издвоите дополнителна вредност надвор од иницијалните предвидени активности која Ви ја донесе вмрежувањето во рамки на проектот ПОСОП?
• Во рамките на имплементацијата на проектот и реализираните обуки, направививме одлична конекција со Наталија Ацеска едукатор во обуките, што резултираше со работна 7 дневна посета во Италија, во кој учествуваа лица со попреченост од нашиот проект и други ученици со попреченост од Македонија, а таму воспоставивме вмрежување и со други организации од Хрватска, Италија и Германија.
6. Во која обука по мерка учествуваше Вашата организација и какви се Вашите впечатоци од истата?
• Бравура учествуваше во обуки по мерка во областите на Енергетската Ефикасност и Обновливи извори на енергија и Заштита на Животната Средина. Обуките беа на високо ниво на споделени информации а лично за нас и предизвик да ги истражиме нашите еко вредности во нашиот производ.
7. Кои се идните чекори и активности на Вашата организација по завршување на регрантираниот проект?
• Акциите од проектот се во континуитет и е невозможно да бидат прекинати од причина што носиме одговорност кон лицата со попреченост и кој од ден на ден имаат потреба да ги развиват работните вештини да ги усовршуват и да дојдеме до рутина која ќе одговори на оптималните можности. Спектарот на продиукти е во различни работни подрачја со тоа што никој од клиентите ги нема усвоено сите вештини на потребото ниво. Оваа популација има потреба од подолг временски период за усвојување на некој акции а особено е важен континуитетот на повторување. Затоа Интегра продолжува и е во исчекување на законот за социјални претпријатија.