Интервју со Рурална Коалиција имплементатор на проектот „Економско и социјално јакнење на жените од руралните средини преку создавање на трајни пазарни врски!”

Интервју со Рурална Коалиција имплементатор на проектот „Економско и социјално јакнење на жените од руралните средини преку создавање на трајни пазарни врски!”

1. Кој беше Вашиот мотив за проектот Економско и социјално јакнење на жените од руралните средини преку создавање на трајни пазарни врски?
Само 38% од жените од руралните средини се економски активни, другите работат, тоа никаде не се евидентира. Единствен приход им е продажбата на земјоделски производи и преработки. Затоа преземавме активности кои дирекно ќе влијаат на нивното економско и социјално јакнење, ја формиравме онлајн платформата „Наша Тезга“ за промоција и продажба на земјоделски производи и преработки. 25 жени од руралните средини имаа можност да учествуваат на Меѓународна академија за жени претприемачки, да изработат сопствени бизнис планови со поддршка на Амбасадата на САД, но беше потребна и натамошна поддршка за зајакнување на знаењата и вештините на жените, да ја надградиме платформата, да ги рашириме информациите за нејзиното постоење, како главна мотивација да го креираме проектот.
2. Ве молиме накратко објаснете ја уникатноста и начинот на функционирање на Вашата платформа “наша тезга”.
„Наша тезга“ е онлајн платформа каде што се промовираат и продаваат земјоделски производи, преработки, традиционални изработки исклучиво од жени од руралните средини. На платформата можете во е-продавницата да ги разгледате понудените производи, да ја прочитате и животната приказна и традиција на производство на жените кои ги нудат производите, изборот може да го направите по различни критериуми. Платформата прави спој, го доближува реалниот пазар, освен што може да купите производи може да дознаете повеќе информации за жените од руралните средини, за нивниот живот, за нивниот начин на работа, за традицијата на производството. На уникатен начин платформата го спојува економското зајакнување со социјалната инклузија, што е главниот препознатлив елемент на оваа платформа.
3. Кои се носечките активности кои ги спроведовте во периодот на имплементација на ре-грантираниот проект во рамки на отворениот повик на проектот Поддршка на социјалните претпријатија следејќи го принципот „Не оставај никој зад себе“ и каков импакт имаа истите врз платформата?
Едукацијата на жените од руралните средини, на тимот на Рурална Коалиција, изработката на бизнис план и стратегија за одржливост на идното социјално претпријатие, и надградба на платформата за полесно препознавање и употреба, беа главните активности кои што се реализираа во рамките на проектот, за унапредување на функционалноста и препознатливоста на платформата. За ова придонесе и промотивната кампања која што ја реализиравме во сите 8 плански региони со директна поддршка на жените од руралните средини.
4. Дали согледавте позитивни промени во Вашата работа во периодот на имплементација на добиениот грант? Што би издвоиле како најзначајно?
Најпозитивната промена е проширувањето на нашиот обем на работа со додавање на уште една стратешка цел кон која ќе тежнееме во наредните години, креирање на самоодржливо социјално претпријатие што како иницијатива произлезе од самите жени од руралните средини, насочено кон нивно економско и социјално јакнење. Преку овој проект ги наметнавме реалните предизвици на жените пред институциите, препознаени сме како организација што се залага за подобрување на нивната економска и социјална положба, и директно придонесува за подобрување.
5. На која обука по мерка организирана од проектот Поддршка на социјалните претпријатија преку следење на принципот – “Не оставај никој зад себе” учествувавте и какви се Вашите впечатоци од истата?
Учествувавме на обуки во делот на Заштита на животната средина и ЕЕ и ОИЕ, и нашите впечатоци се исклучително позитивни затоа што ќе придонесат во нашата секојдневна работа на терен. Обуките овозможија тимот на Рурална Коалиција да навлезе во областите, да ги разбере, за во идниот период нашето знаење и практично делување на терен да ги примени директно со земјоделците.
6. Како организација која во иднина ќе се трансформира во социјално претпијатие – според Вас, кој ќе биде најголемиот бенефит со донесувањето на законската регулатива за социјалните претпријатија?
Законската регулатива ни е многу важна за да може да работиме како социјално претпријатие. Нашето работење го организираме како економска активност во рамките на здружението, не сме регистрирани како социјално претпријатие поради тоа што нема закон.
7. Кои постигнати резултати од спроведувањето на Вашиот регрантиран проект би ги издвоиле како најзначајни за понатамошен развој на платформата. Кои се идните чекори по завршување на регрантираниот проект?
Најзначаен резултат е што успеавме да го трасираме патот за наредните 3 години, да ја зголемиме препознатливоста на платформата преку промовирање во сите 8 плански региони со директно вклучување на жените, нивно здружување од различните региони, размената на искуства, знаења итн. Тоа ќе помогне во нашите идни активности за промоција и продажба на производите, а работиме на регистрација на жените како економски оператори, индивидуални земјоделки со пензиско и здравствено осигурување.

СИТЕ НОВОСТИ