Интервју со Зелена република (заштитена трговска марка на Аквапоника ДООЕЛ Увоз-извоз Скопје имплементатор на проектот „Селото за градот – градот за селото”

Интервју со Зелена република (заштитена трговска марка на Аквапоника ДООЕЛ Увоз-извоз Скопје имплементатор на проектот „Селото за градот – градот за селото”

1. Кој беше Вашиот мотив за креирање на проектот ,,Селото за градот – градот за селото”?
• Главен мотив за креирање на нашиот проект беше да обезбедиме здрава храна за главниот град Скопје по принципите на органското производство. Ова подразбира истовремено поддршка на локалниот развој на руралните средини, придонес кон зголемување на вработеноста на маргинализираните групи што се најмногу вклучени како работна сила во земјоделството (пред с? жени-припаднички на ромската заедница) и грижа за животната средина.
2. Главната цел на Вашиот проект беше да придонесе кон одржливо развој на руралните средини во Македонија преку зајакнување на малите земјоделски стопанственици за производство и пласман на производи и услуги според потребите на купувачите. Кои се носечките активности кои ги спроведовте во периодот на имплементација на ре-грантираниот проект во рамки на отворениот повик на проектот Поддршка на социјалните претпријатија следејќи го принципот „Не оставај никој зад себе“ и како истите придонесоа кон исполнување на проектната цел?
• Во периодот на времетраење на проектот ги спроведовме следните активности:
– Работилници за здрав и одржлив животен стил
– Производство на маркетиншки материјали за промоција на вредностите на брендот.
– Развој на директна продажба на „твојот неделен зелен пакет“.
– Обуки и менторство за органско производство.
3. Дали согледавте позитивни промени во Вашата работа во периодот на имплементација на добиениот грант? Ве молиме издвојте ги најважните бенефити и предизвици со кои се соочивте при имплементација на проектот изминатите месеци.
• Во периодот на имплементирање на добиениот грант од особено значење за нас беа следните остварувања:
– Зголемување на директната продажба со 30 нови клиенти, што е огромен придонес за долгорочна одржливост на нашата компанија.
– Склучување договор за продажба со ланецот на супермаркети „Веро“, што придонесе кон зголемена видливост на нашите производи кон целната група.
– Отворање сопствена продавница во рамките на Пазар.мк, што придонесе кон успешно таргетирање на еден сегмент од нашата целна група што купува онлајн.
– Остварена соработка со 5 нови земјоделци. Што придонесе кон зголемена стабилност на нашиот ланец на добавувачи.
Особени предизвици со кои што требаше да се справиме во текот на спроведувањето на проектот беа 1) обезбедување стабилен готовински тек поради задоцнети плаќања на супермаркетите како последица на нивната политика на исплати, како и на економската криза со кои се соочи државата во периодот на спроведување на проектот, и 2) задржување на вработените од ранливите категории на работа поради сериозните финансиски и семејни проблеми со кои соочуваат припадниците на ранливата категорија што ја таргетиравме, како и нивното приспособување кон постојано вработување.
4. На која обука по мерка организирана од проектот Поддршка на социјалните претпријатија преку следење на принципот – “Не оставај никој зад себе” учествувавте и какви се Вашите впечатоци од истата?
• Нашите вработени и соработници учествуваа на обука за дигитален маркетинг. Обуката ја оценија со највисоки оцени. Бенефитетот од обуката го почувствувавме најдиректно преку зголемената директна продажба.
5. Како организација која во иднина ќе се трансформира во социјално претпијатие – според Вас, кој ќе биде најголемиот бенефит со донесувањето на законската регулатива за социјалните претпријатија?
• Најголемиот бенефит од законската регулатива ќе биде тоа што ќе се отборат можности за остварување долгорочна финансиска одржливост и раст на социјалните претпријатија, особено ако се земат предвид предизвиците што ги сповнавме во претходната точка.
6. На кој постигнат резултат сте особено горди од имплементација на регрантираниот проект и како продолжува Вашата приказна по завршување на истиот. Кои се идните чекори во Вашата работа?
• Особено сме горди тоа што успеавме да го зголемиме бројот на нашите продажни канали. Најголемо значење за нашата компанија има тоа што го зголемивме бројот на директни купувачи, но и бројот на соработници со кои можеме да ги задоволиме нивните потреби. На овој начин го направивме првиот чекор кон наша долгорочна одржливост.
Горди сме и на остварената соработка со Општина Зелениково, која н? препозна како партнер од доверба со капацитети да придонесе кон локалниот економскиот развој на општината, нејзино брендирање како зелена општина, како и во надминувањето на проблемите на нејзините жители што се социоекономски загрозени и маргинализирани.
Нашите идни планови се да се регистрираме како социјално претпријатие по донесување на Законот за социјални претпријатија, како и да ги прошириме економските активности во кои би таргетирале и други ранливи категории. Органското производство се покажа како идеален модел за остварување на нашите цели што може да обезбеди вработување на тешко-вработливи категории, одржливост, локален развој и заштита на животната средина, но и на здравјето на луѓето.

СИТЕ НОВОСТИ