Интервју со ЕКО ЛАЈФ Гевгелија имплементатор на проектот „Вработување на ранливи групи граѓани во производство на еко плочки за надворешна употреба и воспоставување на систем за правилно управување со отпадна пластика и негово одржување“

Интервју со ЕКО ЛАЈФ Гевгелија имплементатор на проектот „Вработување на ранливи групи граѓани во производство на еко плочки за надворешна употреба и воспоставување на систем за правилно управување со отпадна пластика и негово одржување“

1. Кој беше Вашиот мотив за креирање на проектот „Вработување на ранливи групи граѓани во производство на еко плочки за надворешна употреба и воспоставување на систем за правилно управување со отпадна пластика и негово одржување. “?
Овој проект е за промовирање на совесно управување со отпадна пластика и промоција на кружна економија-рециклирање на отпадна пластика и нејзина реупотреба во целосно нов сертифициран производ–еко плочки за надворешно уредување од отпадна ПЕТ пластика, за кое што производство ќе бидат ангажирани/вработени лица припадници на ранливи категории на граѓани.
2. Главната цел на Вашиот проект беше вработување на ранливи групи граѓани во производство на еко плочки за надворешна употреба и воспоставување на систем за правилно управување со отпадна пластика и негово одржување. Кои се носечките активности кои ги спроведовте во периодот на имплементација на ре-грантираниот проект во рамки на отворениот повик на проектот Поддршка на социјалните претпријатија следејќи го принципот „Не оставај никој зад себе“ и како истите придонесоа кон исполнување на проектната цел?
За остварување на главната цел беа спроведени следниве активности:
Набавка на калапи и мешалка за производство на еко плочки; Дробење на отпадна пластика со машина за дробење–дробилка; Производство на еко плочки во Општина Гевгелија; Вработување на лица од ранливи категории вклучени во производството на еко плочки; Организирање обука за работа со линија за производство на еко плочки; Спроведување на кампања за подигнување на јавната свест кај населението за предностите на социјалните претпријатија и вклучување на ранливите групи во заедницата.
3. Дали согледавте позитивни промени во Вашата работа во периодот на имплементација на добиениот грант? Ве молиме издвојте ги најважните бенефити и предизвици со кои се соочивте при имплементација на проектот изминатите месеци.
Преку вработувањето на лицата од ранливи категории во здружението успеавме да го зголемиме капацитетот на производство со континуирано едносменско работење. Дадовме можност на долгорочно невработени лица да бидат дел од пазарот на трудот, да бидат вклучени во општествените активности и да заработуваат. Преку овој проект тие имаа можност да добијат соодветна обука за работа со линија за производство, како и обуки преку кои можеа да се запознаат со бенефитите од работата на социјалните претпријатија и можностите кои им ги нудат. Успеавме да набавиме суровина за производство на еко плочки, опрема за работа: мешалка за мешање на песок со дробена пластика и калапи за добивање на сосема нов производ со поинаква форма. Процесот на производство на еко плочките беше и е голем предизвик за нас. Во рамките на имплементација на проектот најголем предизвик беше наоѓање на работна сила од ранлива категорија, како и нивно воведување на пазарот на труд, обезбедување соодветна обука за работа, набавка на калапи за преса кои се многу ретко достапни на македонскиот пазар и за кои требаше време и истражување за да се најде соодветен производител. Тимот на организацијата кој работеше на проектот се стекна со вештини за управување со проекти финансирани од ЕУ, како и со обуки за ЕЕ и ОИЕ и Заштита на животната средина.
4. На која обука по мерка организирана од проектот Поддршка на социјалните претпријатија преку следење на принципот-“Не оставај никој зад себе” учествувавте и какви се Вашите впечатоци од истата?
Како здружение учествуваме на сите обуки организирани од страна на Цепросард за ЕЕ и ОИЕ и Заштита на животната средина. Имаме позитивни впечатоци-имавме можност да го збогатиме нашето знаење со доста нови и корисни информации.
5. Како организација која во иднина ќе се трансформира во социјално претпијатие-според Вас, кој ќе биде најголемиот бенефит со донесувањето на законската регулатива за социјалните претпријатија?
Со добивање на статус како социјално претпријатие сметаме дека ќе добиеме поголема финансиска поддршка,поддршката за градење капацитети, регулаторна или правна поддршка утврдена согласно стратегијата за социјални претпријатија и поголемо вклучување во еко системот.
6. На кој постигнат резултат сте особено горди од имплементација на регрантираниот проект и како продолжува Вашата приказна по завршување на истиот. Кои се идните чекори во Вашата работа?
Горди сме што успеавме да воспоставиме одржлив систем за обработка на отпадна пластика во иновативен производ овозможивме на лица на кои им е потребна финансиска поддршка да бидат дел од циркуларната економија и да придонесат за општеството и за себе-успеавме да вработиме 3 лица од ранливи категории, да преработиме повеќе од 5т отпадна пластика во повеќе од 8.5т готов производ-еко плочки. Продолжуваме со нашата иновативна приказна со континуирано производство, и задржување на вработените, со тенденција на нивно зголемување. Главен проблем се високите цени на индустриска струја, и сме во фаза на изнаоѓање начин за намалување на влијанието на овој проблем-инсталирање на фотоволтаичен систем.

СИТЕ НОВОСТИ