29 Сеп Интервју со ДПТУ ВАЈС Груп ДООЕЛ Скопје имплементатор на проектот ”Трансформирање на конвенционалните синџири на снабдување на винариите во циркуларни”
1. Кој беше Вашиот мотив за креирање на проектот “Трансформирање на конвенционалните синџири на снабдување на винариите во циркуларни”?
• Мотивот за креирање на проектот беше зголемување на капацитетот на складирање на комиње, за да се постигне континуриано производство и самото претпријатие да достигне фаза на самоодржливост.
Дополнително, мотив за креирање на овој проект беше да се намали отпадот кој го генерираат малите винарии и индивидуалните производители на вино при нивниот процес на производство на вино и ракија и да се претстави еден модел на циркуларна економија, кој ќе ги инспирира и другите производители да ги трансформираат нивните конвенционални синџири на снабдување во циркуларни.
2. Главната цел на Вашиот проект беше претворање на конвенционалните синџири на снабдување на винариите во циркуларни. Кои се носечките активности кои ги спроведовте во периодот на имплементација на ре-грантираниот проект во рамки на отворениот повик на проектот Поддршка на социјалните претпријатија следејќи го принципот „Не оставај никој зад себе“ и како истите придонесоа кон исполнување на проектната цел?
• Имплементацијата на проектот ни помогна да оствариме повеќе активности. Меѓу нив, како главни би ги издвоиле зголемувањето на капацитетот на складирање на комиње, преку што успеавме да постигнеме континуирано производство; Развој на стратегија за подигање на свеста кај винариите и индивидуалните произведувачи на вино и ракија за бенефитите од користење на циркуларна економија, со што успеавме да ја зголемиме соработката и интересот од страна на индивидуите и малите винарии за давање на комињето наспроти негово фрлање; Разој на дизајн за пакување на брашното од комиње наменет за Б2Ц продажба; Развој на маркетинг стратегија и склучување на договор за продажба со што претпријатието започна со самоодржливост.
3. Дали согледавте позитивни промени во Вашата работа во периодот на имплементација на добиениот грант? Ве молиме издвојте ги најважните бенефити и предизвици со кои се соочивте при имплементација на проектот изминатите месеци.
• Бидејки ова беше прв европски проект кој ВАЈС Груп го имлементираше, главниот предизвик претставуваше процесот на имплементација на ваков вид на проект. Од овој процес се стекнавме со позитивно искуство во однос на менаџирање на секојдневните активности и долгорочни цели на појасен и поструктуриран начин, што е и еден од најголемите бенефити од имплементацијата на проектот. Предизвик беа и временските услови – поради ладното време моравме да најдеме индивидуи кои произведуваа ракија за да може да се снабдиме со комиње, но и овој предизвик беше надминат, а и комињето се покажа со одличен квалитет. За крај, дополнителен бенефит ни беше и изработената стратегија преку која се запознавме со голем број на индивидуални производители на вино и ракија и ја проширивме нашата соработка во однос на партнери и добавувачи.
4. На која обука по мерка организирана од проектот Поддршка на социјалните претпријатија преку следење на принципот – “Не оставај никој зад себе” учествувавте и какви се Вашите впечатоци?
• Нашето претпријатие учествуваше во обуката по мерка “Заштита на Животната Средина”, предводена од Наталија Ацеска. Обуката која ја добивме беше од особено значење за нас и претпријатието, бидејки успеавме да се запознаеме детално со начините на управување со отпад, начините на регулирање на отпад во самото претпријатие, и изработивме наш елаборат за Заштита на Животната Средина, наспроти ангажирање надворешно лице кое би не чинело дополнителни финансиски ресурси.
Дополнително, ВАЈС Груп учествуваше и на обуката за ЕЕ и ОИЕ, преку која се запознавме со бенефитите од користење енергетско-ефикасни материјали за нашите простории за работа и колку енергија и финансиси би заштедиле доколку користиме ваков вид на материјали при процесот на идни градежни активности.
5. Како организација која во иднина ќе се трансформира во социјално претпијатие – според Вас, кој ќе биде најголемиот бенефит со донесувањето на законската регулатива за социјалните претпријатија?
• За нас, најголемиот бенефит се олеснителните околности за оперирање на бизнисот, кои во моментот се еквивалентни на оние на приватните бизниси.
6. На кој постигнат резултат сте особено горди од имплементација на регрантираниот проект и како продолжува Вашата приказна по завршување на истиот. Кои се идните чекори во Вашата работа?
• Ние сме особено горди од зголеменото количество на комиње кое успеавме да го собереме и преработиме во адитив и брашно од комиње. Имено, со самото зголемување на максималните количества на производство, ние успеавме да го намалиме отпадот кој се создава од комњието, да го рециклираме и од него да создадеме нов производ во прехранбената индустрија. Се надеваме дека нашиот позитивен пример ќе служи и како инспирација за други претпријатија за и тие да започнат со користење на циркуларни модели во нивните синџири на снабдување.