Иницијатива за соработка со “Фондација за Менаџмент и индустриско истражување’’- МИР фондација со цел воспоставување на соработка и поттикнување и развој на социјалното претприемништво

Иницијатива за соработка со “Фондација за Менаџмент и индустриско истражување’’- МИР фондација со цел воспоставување на соработка и поттикнување и развој на социјалното претприемништво

Извршната директорка на ЗГ ЦеПроСАРД, г-ѓа Светлана Петровска и Проект менаџерката Емилија Андонова од ‘’Фондација за Менаџмент и индустриско истражување’’- МИР фондација, одржаа дигитална работна средба на 07.04.2021 година користејќи ја ЗООМ платформата.
Средбата беше иницирана од МИР Фондацијата со цел да се оствари соработка помеѓу ЗГ ЦеПроСАРД и Enterprise Europe Network во Македонија.

По краткотрајно взаемно претставување и запознавање со досегашното работење на организациите, учесниците на средбата се согласија да потпишат меморандум за соработка, со понатамошно насочување на интересот кон воспоставување на соработка и поттикнување и развој на социјалното претприемништво, како и понатамошно вклучување како сегмент од проектот ТИМОР.

СИТЕ НОВОСТИ