09 Сеп ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕЗУЛТАТИ ОД ЕВАЛУАЦИЈА ОД ОТВОРЕНИОТ ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ГРАНТОВИ ПО ПРОЕКТОТ ПОДДРШКА НА СОЦИЈАЛНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ПРЕКУ СЛЕДЕЊЕ НА ПРИНЦИПОТ – „НЕ ОСТАВАЈ НИКОЈ ЗАД СЕБЕ”
Posted at 21:02h
in Новости
Известување до подносителите на апликации за Отворениот повик за доделување грантови по проектот Поддршка на социјалните претпријатија преку следење на принципот – „НЕ ОСТАВАЈ НИКОЈ ЗАД СЕБЕ”. Комисијата за критериуми и избор на социјалните претпријатија ја заврши евалуацијата на сите пристигнати апликации, и наведените апликанти со највисок број на освоени поени за доделување на грантови се:
Реден број | Назив на апликантот: | Назив на проектот: | Поени од евалуација |
1 | Друштво за производство, трговија и услуга ВАЈС Груп ДООЕЛ Скопје | Трансформирање на конвенционалните синџири на снабдување на винариите во циркуларни | 92,600 |
2 | Аквапоника ДООЕЛ Увоз Извоз Скопје | Селото за градот, градот за селото | 89,600 |
3 | Здружение за заштита на животна средина и едукација на деца и млади ЕКО ЛАЈФ Гевгелија | Вработување на ранливи групи граѓани во производство на еко плочки за надворешна употреба и воспоставување на систем за правилно управување со отпадна пластика и негово одржување | 88,400 |
4 | Рурална Коалиција | Економско и социјално јакнење на жените од руралните средини преку создавање на трајни пазарни врски! | 87,600 |
5 | Хуманитарно здружение за помош и поддршка на лица со посебни потреби „Бравура Кооператива“-Делчево | Клуб за професионална рехабилитација и социјална инклузија „ Интегра“ | 87,400 |
6 | Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ) | ПОГОН – уникатна платформа | 87,400 |
Повеќе информации апликантите ќе добијат по и-меил кој е наведен за контакт во Анекс 1, во понеделник 12.09.2022.