Зелена топлина – воведување ефикасна услуга за греење ориентирана кон потрошувачите (преку мала дистрибутивна мрежа) која е базирана на обновливи извори на енергија

Зелена топлина – воведување ефикасна услуга за греење ориентирана кон потрошувачите (преку мала дистрибутивна мрежа) која е базирана на обновливи извори на енергија

Опис на проектот:
Општата цел на проектот е да се воспостави модел на одржливи практики за греење во одредено урбано подрачје, кој се карактеризира со широко распространета примена на енергетски ефикасни топлински пумпи воздух – вода, намалување на јаглеродните емисии и потрошувачката на енергија и негување на одржлива енергетска култура во целата заедница.

Специфични цели:

  • Да се спроведе инсталација на топлински пумпи воздух-вода во пет определени јавни згради во урбаното подрачје во временската рамка на проектот.
  • Да се формира „ЕЛРАД Енерџи-Радовиш“, иновативна компанија за управување со енергија од ОИЕ, во периодот на имплементација на проектот.
  • Да се промовира усвоениот иновативен модел за греење преку активно ангажирање и мобилизирање на локалните заедници, засегнатите страни и жителите,, за да се олесни споделувањето знаење, заедничките иницијативи и кампањите за подигање на јавната свест, да се поттикне широкото усвојување на енергетски ефикасни практики, негување одржлива енергетска култура во рамките на заедницата и создавање трајно позитивно влијание врз локалната еколошка одржливост.

Целни групи и крајни корисници на проектот: граѓаните на Општина Радовиш; ДООЕЛ ЕЛРАД ЕНЕРЏИ Радовиш како единствено друштво со ограничена одговорност за производство на електрична енергија; локалните бизниси и компании кои работат во секторот на обновливите извори на енергија (ОИЕ).

Имплементацијата на проектот е организирана во следните кластери на активности:

  1. Анализа и планирање: изготвување релевантни анализи и програми, притоа обезбедувајќи транспарентност, видливост и севкупен успех преку формирање на група на клучни чинители.
  2. Набавка и инсталација на опрема во пет јавни згради во Радовиш: детската градинка „Ацо Караманов“- објект „Цветови“, општинското основно училиште „Крсте Петков Мисирков“, средното општинско училиште „Коста Сусинов“, општинската управна зграда и спортската сала. „25 мај“.
  3. Развој на бизнис модел: основање на посветена компанија за управување со енергија „ЕЛРАД Енерџи-Радовиш“ одговорна за следење на користењето на енергијата, идентификување трендови и предлагање стратегии за оптимизација за новите системи; развој и усовршување на новиот бизнис модел на ELRAD; ангажман на засегнатите страни и мобилизација на граѓаните.
  4. Свест и промоција: промотивни материјали за подигање на јавната свест на што поширока публика; трансфер на знаење и решенија за најдобри практики преку примери од земјите-членки на ЕУ; и организација на завршна национална конференција

 

Очекувани резултати се:

  1. Нов енергетски ефикасен систем за греење базиран на ОИЕ во пет јавни згради.
  2. Формирање на иновативна компанија за управување со енергија од ОИЕ, „ЕЛРАД Енерџи-Радовиш.
  3. Општинска програма за енергетска ефикасност и опсег на влијателна промоција.

 

Времетраење на проектот:
15 Јануари 2022 – 14 мај 2025

Донатор:
Европска Унија