15 Мај ЗГ ЦеПроСАРД учествуваше на прва јавна консултација за изработка на ЛЕАП за Општина Ѓорче Петров
Претставник од ЗГ ЦеПроСАРД учествуваше на јавната консултација за отпочнување со изработка на ЛЕАП, која се оддржа во Домот на културата во Општина Ѓорче Петров, на ден 15.05.2023 година со почеток во 11:00 часот. По образложената законската обврска и важноста за изработка на ЛЕАП-от од страна на градоначалникот на општина Ѓорче Петров, г-дин Александар Стојкоскиг-ѓа Сања Трпковска, дипломиран правник по меѓународно право и меѓународни односи, координаторот за изработка на ЛЕАП , назначен од ЗГ ЦеПроСАРД го претстви ЗГ ЦеПроСАРД и активностите на истото во изминатите 15 години од неговото постоење. Потоа таа детално ја објасни Методологијата изработка на ЛЕАП-от за општината. Воедно во својата презентација ги објасни предвидените рокови и временската рамка на подготовка на овој стратешки плански документ.
Бидејќи активноста се спроведува во рамките на проектот “Пилот интервенции за третман на отпадни води и управување со цврст отпад во прекуграничен регион”, со Општина Ново Брдо од Косово проектниот менаџер г-дин Горјан Петровски,ги презентираше досегашните и идни активности планирани за успешна имплементација на проектот. Предвидената изработка на ЛЕАП-от е во согласност со законската регулатива во РСМ и со Нацрт Планот и временска рамка за имплементација на суб-проектот ЛЕАП.