ЗГ ЦеПроСАРД со свој претставник учествуваше на првата работилница на засегнатите страни за изработка на 6-тиот Национален извештај кон Конвенцијата за биолошка разновидност

ЗГ ЦеПроСАРД со свој претставник учествуваше на првата работилница на засегнатите страни за изработка на 6-тиот Национален извештај кон Конвенцијата за биолошка разновидност

На 29.01.2020 год., претставник од ЗГ ЦеПроСАРД, учествуваше на првата работилница на засегнатите страни за изработка на 6-тиот Национален извештај кон Конвенцијата за биолошка разновидност. Воведно обраќање на работилницата имаа м-р Влатко Трпески, раководител на Секторот за природа од МЖСПП и Менка Спировска, клучен експерт. На работилницата беа презентирани националните и Аичи целите за биолошка разновидност, како и предлог индикаторите за постигнување на националните цели.

Беше организирана работа во групи на која учесниците беа запознати со форматот за прибирање информации од инволвираните страни за изработка на Извештајот. Сите учесници ги презентираа спроведените активности на институцијата која ја претставуваат, во однос на Акциониот план за биолошка разновидност, поврзано со постигнување на Националните цели.

Проектната активност е поддржана преку имплементационата агенција УНЕП и локалната НВО ЕССА СИНЕРГИ.

СИТЕ НОВОСТИ