19 Фев ЗГ ЦеПроСАРД со свој претставник на обука за фотонапонски централи и соларни уреди во организација на Институт за развој на заедницата
Posted at 12:48h
in Новости
На 19.02.2024 година во просториите на Граѓански Ресурсен Центар наш претставник присуствуваше на обуки, во организација на Здружение ИРЗ, во соработка со Solare Zukunft од Германија, и со финансиска поддршка од Германската Фондација за заштита на животната средина (DBU) за реализација на програмата за помош и поддршка за формирање на енергетски заедници во Македонија.
На обуката беа презентирани содржини со фокус на инсталација и одржување на фотонапонски централи и користење на уреди кои што користат сончева енергија.
Во вториот дел беше презентирана Мрежата на енергетски заедници на Македонија, како и запознавање со демократизацијата на енергетскиот сектор и учество во процесот на донесување одлуки со примери од други држави.