
16 Мар ЗГ ЦеПроСАРД продолжува со имплементацијата на проектот „Поттикнување на руралниот и еколошкиот туризам преку паметни туристички информативни центри / FRET-STIC“ во Тетово
На 16.03.2020 извршено е поставување на Туристички Инфо Центар од страна на добавувачот Друштво за производство, градежништво, трговија и услуги Алуминка ДОО експорт-импорт Скопје.
Туристичкиот инфо центар е изработен во согласност со активностите на проектот „Fostering rural and environmental tourism through SMART tourist information centres FRET-STIC”. Проектот е кофинансиран од Европската унија, во согласност со правилата на Програмата за прекугранична соработка Косово – Република С. Македонија кој се имплементира од страна на ЗГ Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој – ЦеПроСАРД Скопје како лидер апликант и Општина Тетово од страна на Република С. Македонија и Regional Development Agency South – RDA South, од Призрен, Косово.
Партнери во проектот се:
- Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој – ЦеПроСАРД како организација лидер;
- Општина Тетово
- Regional Development Agency South, Косово
Донатор:
Европска Унија