ЗГ ЦеПроСАРД одржа обука на платформата за онлајн следење на тема „Намалување на аерозагадувањето преку намалување на потрошувачката на енергија во домаќинствата”

ЗГ ЦеПроСАРД одржа обука на платформата за онлајн следење на тема „Намалување на аерозагадувањето преку намалување на потрошувачката на енергија во домаќинствата”

На 9 април 2020, дипл.инж. Дејан Филипоски, одржа обука преку поврзување на платформата за онлајн следење за потребата од намалување на енергијата во домаќинствата, со цел намалување на аерозагадувањето, во организација на ЗГ ЦеПроСАРД, Скопје.

Учесници на обуката беа учениците од четврта година од градежна-геодетска струка – профил: градежен техничар, во СУГС Шаип Јусуф од Скопје. Учесниците преку обуката се информираа за потребата од подобрување на енергетската ефикасност во домовите. На обуката беше претставена можноста за заштедата на енергијата со користење на енергетски ефикасни светилки и утврдување на термичките топлински мостови со употреба на термална камера.

Ова е прва обука во средните училишта во Град Скопје која се спроведува во рамки на проектот „Чиста енергија за чист воздух”.

Проектот се спроведува со финансиска поддршка на Владата на Република Северна Македонија, преку Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за 2019 година.

СИТЕ НОВОСТИ