15 Апр ЗГ ЦеПроСАРД во соработка со општина Демир Капија, за поддршка на социјалното претприемништво за одржлив развој
На 14.04.2022 претставник од општина Демир Капија и претставник од проектниот тим на проектот Поддршка на социјалните претпријатија следејќи го принципот – “Не оставај никој зад себе”, одржаа работен состанок во просториите на општина Демир Капија.
На состанокот беа презентирани активностите на тековниот проект Поддршка на социјалните претпријатија преку следење на принципот – “Не оставај никој зад себе”, како и начинот на поддршка на граѓанскиот или бизнис секторот во општина Демир Капија, кој преку соработката со општината претставува можност за социо-економски развој. Проектот треба да допринесе за соработка помеѓу институциите, општините, социјалните претпријатија и граѓанскиот сектор, во развој на зелен економски раст, заштита на животната средина и подобрување на социјалните сервиси на територијата на нашата земја.
На состанокот беше потпишан Меморандум за соработка во насока за давање на меѓусебна поддршка, помош и соработка за реализирање на активности кои се од заеднички интерес.
Проектот е финансиран од Европската Унија.