15 Јун ЗГ ЦеПроСАРД во соработка со Македонско Монтесори Здружение, за поддршка на социјалното претприемништво за одржлив развој
Со цел продолжување и развој на мрежата за соработка на релевантните цинители, претставник на Македонското Монтесори Здружение и пратставник од проектниот тим на проектот Поддршка на социјалните претпријатија следејќи го принципот- “Не оставај никој зад себе”, одржаа работен состанок во просториите на ММЗ.
На состанокот се дискутираше за можностите и активностите на тековниот проект Поддршка на социјалните претпријатија преку следење на принципот- “Не оставај никој зад себе”, како и начинот на поддршка на граѓанскиот секторот, кој преку соработката со релевантните чинители претставува можност за развој на капацитетите на организацијата. Проектот треба да допринесе за соработка помеѓу институциите, општините, социјалните претпријатија и граѓанскиот сектор, во развој на зелен економски раст, заштита на животната средина и подобрување на социјалните сервиси на територијата на нашата земја.
На состанокот беше потпишан Меморандум за соработка во насока за давање на меѓусебна поддршка, помош и соработка за реализирање на активности кои се од заеднички интерес.
Проектот е финансиран од Европската Унија.