ЗГ ЦеПроСАРД во соработка со институциите – Министерство за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство на Република Северна Македонија (МЗШВ на РСМ)

ЗГ ЦеПроСАРД во соработка со институциите – Министерство за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство на Република Северна Македонија (МЗШВ на РСМ)

Денес на 26.07.2019 г-дин Трајан Димковски министер во Министерство за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство на Република Северна Македонија (МЗШВ на РСМ), одржа работен состанок со тимот на Здружението на граѓани  – Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој – ЦеПроСАРД, во просториите на МЗШВ.

На состанокот се дискутираше за досегашните активности имплементирани од ЗГ ЦеПроСАРД во делот на земјоделството и руралниот развој, особено имплементацијата и завршните активности на проектот “Градење на капацитети за одржлив развој на Локалните Акциски Групи (ЛАГ) во процесите на интеграција во ЕУ” – BUILDLAG, финансиран од Европската Унија преку CFCD, Министерство за финансии на Република Македонија. Проектот кoj го спроведе ЦеПроСАРД во соработка со Локална Акциска Група Уна од Хрватска  и Aсоцијацијата на млади фармери Асаја Гранада од Шпанија.

Г-ѓа Светлана Петровска, извршен директор на ЗГ ЦеПроСАРД изрази благодарност до министерот за поддршката и активна улога во процесот на воспоставување на институционална рамка при имплементирање на проектните активности од страна на вклучените претставници на МЗШВ и ги достави во МЗШВ “Препораките за спроведување на приодот LEADER во Република Северна Македонија” добиени од експертите ангажирани од партнерските организации од Хрватска и Македонија. Воедно г-ѓа Светлана Петровска изрази благодарност за досегашната соработка и до претходниот министер Љупчо Николовски.

На состанокот се разговараше за можностите за идна соработка на МЗШВ со граѓанскиот сектор при што претставниците на ЗГ ЦеПроСАРД го истакнаа развојот и соработката на полето на  заедничка имплементација на проекти што се финансираат од ИПА фондовите. Особен акцент беше ставен на соработката во делот на подобрувањето на енергетската ефикасност и искористувањето на обновливите извори на енергија во земјоделските стопанства, во секторот на секундарната преработка на земјоделските производи, креирањето на политики во делот на ЕЕ и ОИЕ во земјоделството  (Упатство за енергетска ефикасност, производство и користење на енергија од обновливи извори во земјоделството

http://ea.gov.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=1392%3A2012-07-23-13-23-47&catid=35%3Aactivities&lang=mk) и заштитата на животната средина.

СИТЕ НОВОСТИ