07 Јул Завршен настан по повод официјално затворање на проектот „Зајакнување на образованието во средните технички училишта во Македонија преку воведување едукативни програми за целите за одржлив развој“.
На 07 јуни 2018 година во СГГУГС Здравко Цветковски во Скопје се одржа завршниот настан на проектот „Зајакнување на образованието во средните технички училишта во Македонија преку воведување едукативни програми за целите за одржлив развој“ кој се спроведуваше преку грант од програмата СЕЕДЛИНГ на Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа, со почеток од јануари 2018 година, а со финансиска поддршка од Автриската агенција за развој.
На настанот се презентираа резултатите од спроведените проектни активности, а се обратија претставници од Министерството за образование и наука на Република Македонија, претставник од Бирото за развој на образованието, општина Карпош, како и од училиштето домаќин.
Посебно место имаа учениците од средните технички училишта – партнери на проектот, кои презентираа изработени задачи на теми поврзани со одржливиот развој. На наше огромно задоволство тие пројавија голем интерес да учествуваат и ја збогатија содржината на овој настан.
Ученици кои учествуваа на настанот:
СГГУГС Здравко Цветковски, Скопје
Ментор: проф. Ангелка Михајловска
› Магдалена Крстеска
› Теодора Јаневска
› Сара Николовска
› Викторија Петровска
› Ана Спирковска
› Викторија Јакимовска
› Јана Стевковска
› Алдин Елесковиќ
› Ана Георгиевска
› Милан Горгиевски
› МатејаТодорова
› Јован Пилев
› Вероника Павловска
› Анастасија Милевска
Ментор: проф. Арљинда Османи
› Флоријан Бериша
› Јотон Укичи
Ментор: проф. Никола Аспровски
› Aлександра Димовска
› Марија Андонова
СУГС Владо Тасевски, Скопје
Ментор: проф. Виолета Николовска
› Кристијан Анѓелкоски
СОУ Ѓорче Петров, Крива Паланка
Ментори: проф. Драгана Стојановска и
проф. Александра Маџовска
› Виктор Стојановски
› Тамара Атанасовска
Инаку, целта на проектот е „да се подобрат знаењата и вештините на учениците и наставниот кадар во средните технички училишта во земјата преку интегрирана подготовка и воведување едукативни програми за ЦОР во образовниот процес“. Само со вклучување на сите засегнати чинители ќе се овозможи развој и унапредување, ќе се поттикнат партнерства за заеднички активности, што понатаму ќе значи придонес кон глобалните процеси во оваа област.