Во рамките на проектот Билдлаг, тимот на ЦеПроСАРД оствари средби со претставници на Центарот за Развој на Полошкиот Плански Регион (ЦРППР) и Министерството за Земјоделство Шумарство и Водостопанство (МЗШВ)

Во рамките на проектот Билдлаг, тимот на ЦеПроСАРД оствари средби со претставници на Центарот за Развој на Полошкиот Плански Регион (ЦРППР) и Министерството за Земјоделство Шумарство и Водостопанство (МЗШВ)

ЦеПроСАРД доби поддршка за имплементација на проектот Билдлаг од Центарот за Развој на Полошкиот Плански Регион (ЦРППР) и Министерството за Земјоделство Шумарство и Водостопанство (МЗШВ). Во месец јануари 2018година тимот на ЦеПроСАРД реализираше средби на кои беше најавено отпочнувањето на проектните активности со претставниците на надлежните институции од ЦРППР и МЗШВ.

Активностите за зајакнување на јавното приватно партнерство помеѓу рурални невладини организации, бизнис асоцијациите и локалните власти во Локалните Акциски Групи (ЛАГ-ови) ќе бидат пренесени преку трансфер на знаење и искуство од Хрватска и Шпанија во Полошкиот Плански Регион. Во рамките на проектот ќе биде изработена комплетна документација за формирање на нова локална акциска група во согласност со законодавната регулатива во земјата.

Реализацијата на проектот ќе овозможи одржлив рурален развој во регионот и пошироко.

Времетраење на проектот е 18 месеци.
Партнери во проектот се Локална Акциска Група Уна од Хрватска и асоцијацијата на млади фармери Асаја Гранада од Шпанија.
Проектот е финансиран од Европска Унија.

СИТЕ НОВОСТИ