Вмрежување за меѓусебна поддршка на постоечките и идни социјалните претпријатија во рамките на проектот Поддршка на социјалните претпријатија следејќи го принципот „Не оставај никого зад себе“

Вмрежување за меѓусебна поддршка на постоечките и идни социјалните претпријатија во рамките на проектот Поддршка на социјалните претпријатија следејќи го принципот „Не оставај никого зад себе“

ЗГ ЦеПроСАРД во текот на имплементацијата на проектот Поддршка на социјалните претпријатија следејќи го принципот „Не оставај никого зад себе“, како дел од активностите го поддржува ЗГ Рурална Коалиција за спроведување на проектот „Економско и социјално јакнење на жените од руралните средини преку создавање на трајни пазарни врски“ за формирање на социјално претпријатие „Наша тезга“.

Со потпишување договори/меморандуми за соработка, локалните општини, локалните бизниси и Социјалните Претпријатија (СП)/Здруженијата на граѓани (ЗГ) ќе обезбедат меѓусебно вмрежување и ќе комуницираат преку проектната мрежа на нови и потенцијални СП за нивна меѓусебна размена на искуства и поддршка.

ЗГ Рурална коалиција потпиша Меморандум за соработка со Здружение на родители на лица со пречки во развојот “Надеж“ од Кичево со цел целосна инклузија на децата и лицата со попречености во општеството. Во знак на добар почеток и взаемна соработка жените од руралните средини рачно изработија и за овие деца 30 пакетчиња со здрави и вкусни производи кои што доаѓаат од нашата плодна земја, а секое пакетче содржи и рачно изработени декорации кои што дечињата ќе ги потсетуваат на Рурална Коалиција и на вредните жени од Наша тезга.

Проектот е финансиран од Европската Унија.

https://www.facebook.com/RuralCoaliton/photos/pcb.1890706681278909/1890706607945583

 

СИТЕ НОВОСТИ