Потпишани договори за доделување грантови на 6 Социјални Претпријатија – Проект “Поддршка на Социјалните Претпријатија следејќи го принципот- Не оставај никој зад себе”

Потпишани договори за доделување грантови на 6 Социјални Претпријатија – Проект “Поддршка на Социјалните Претпријатија следејќи го принципот- Не оставај никој зад себе”

Во рамките на проектот “Поддршка на Социјалните Претпријатија следејќи го принципот- Не оставај никој зад себе” во текот на претходната недела беа потпишани 6 договори за доделување на грантови како дел од проектниот пакет “Поддршка на Социјалните Претпријатија”.

Како што веќе Ви најавивме на нашата веб страна добитници на грантовите за поддршка на социјални претпријатија се следните:

Друштво за производство, трговија и услуга ВАЈС Груп ДООЕЛ Скопје
Проект- Трансформирање на конвенционалните синџири на снабдување на винариите во циркуларни

Аквапоника ДООЕЛ Увоз Извоз Скопје
Проект- Селото за градот, градот за селото.

Здружение за заштита на животна средина и едукација на деца и млади ЕКО ЛАЈФ Гевгелија
Проект- Вработување на ранливи групи граѓани во производство на еко плочки за надворешна употреба и воспоставување на систем за правилно управување со отпадна пластика и негово одржување

Рурална Коалиција
Проект- Економско и социјално јакнење на жените од руралните средини преку создавање на трајни пазарни врски!

Хуманитарно здружение за помош и поддршка на лица со посебни потреби „Бравура Кооператива“-Делчево
Проект- Клуб за професионална рехабилитација и социјална инклузија „ Интегра“

Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ)
Проект- ПОГОН – уникатна платформа

Проектот е финансиран од Европската Унија.
Период на имплементација: од 01.12.2021- 31.05.2023 во времетраење од 18 месеци

СИТЕ НОВОСТИ